Оваа недела,
Јас и мојата група ја обработувавме лектирата "Времеплов" за осмо одделение. Јас бев во група со Михаил Митровски, Иво Угриновски и Марија Станишевска.Ние требаше да ги запишеме настаните, ликовите, судирите и чувствата во делото. Се поделивме за ликовите, судирите и чувствата, а настаните заедно ги одредивме и запишавме. Михаил и Марија беа задолжени за чувствата, Иво за ликовите, а јас за судирите.
Откако ни беше дадена задачата, во понеделникот и вторникот ги одредувавме
настаните од лектирата и ги
запишавме во google doc. Во среда, ги внесов судирите/проблемите од лектирата
во документот и го
пратив линкот до останатите членови од групата. Во петокот, три часа пред истекот на рокот ги
информирав останатите членови од групата да ја завршиме задачата. Само Марија
ми одговори. Задачата беше завршена во предвидениот рок.