Претходната недела, нашата наставничка ни зададе задача да направиме
биографија на позната личност. Следниот ден, главните на сите 7 групи излеговме
и биравме по едно ливче на кои беа напишани неколку личности. Нас ни се падна
Лазо Ангеловски.
Јас бев лидер на мојата група. Бев заедно со Матеј Митов, Никола Павловски
и Михаил Митровски. Сите ние се поделивме нешто да работи. Никола ги даде
изворите и ми помагаше за одредување на текстот за во презентацијата, Михаил ја
правеше естетиката на презентацијата, а Матеј за сликите. На сите ни беше лесно
вака, освен на Матеј. Немаше многу слики од Лазо Ангеловски на интернет. Затоа,
тој со велосипед отиде до нашето училиштето и го слика споменикот и други
работи. Пред 18 часот, го испративме до наставничката преку “Google
Drive”.
Кога дојде часот за презентациите да се презентираат, наставничката ни
подели листови за да ги оцени другите групи за нивната презентација. Ние се
оценувавме меѓу себе, а и наставничката нас. Следната недела, во понеделник ги
собиравме сите наши оцени за групите и си ја откривме нашата оценка. Оценките
беа во проценти. Групата на Андреј Велјаноски беше прва со 87% проценти, на
Теона 84%, а нашата со 83%.