Sunday, November 26, 2017

"Шагринска кожа" - Оноре де Балзак


Анализа на лик
Рафаел де Валентин од
"Шагринска кожа" - Оноре Де Балзак

          Рафаел де Валентин е статичен лик бидејќи тој ништо не постигнува со тоа што ќе ја искористи шагринската кожа да му исполни некаква желба. Рафаел е лесноумен, користољубив, добродушен... Тој е лесноумен бидејќи си го давал својот живот за неговите желби, користољуби за шагринската кожа и добродушен бидејќи Федора кога да му побарала помош, тој и помагал. Општеството во кое живее ликот е богато за него бидејќи тој од коцкањето го загубил парите, така што кога ќе излегол со Федора, се молел да не врне за да плати за кочија. Општеството во кое живеам јас е понапредно во споредба со времето кога Рафаел живее. Сите ликови имаат различни чувства кон него: Полина го сакала, Растињак го гледал како пријател, а Федора го искористува. Светот во кој живее Рафаел е свет во кој на него секогаш му фали нешто и во тешка потрага по пари. Погледот кон светот што го има тој е полу реалистичен и полу- фантастика затоа што во реалниот живот се случува човек да стане сиромашен со коцкање и да се бориш кон подобар и побогат живот, но не постои шагринска кожа која ти ги исполнува желбите. Во вистинскиот живот може да се сретнеш со ликови како Рафаел, луѓе кој искористуваат и не им помагаат на тие што треба (што му помагаат). Овој лик е комплексен бидејќи содржи различни карактеристики и особини кај секој човек во вистинскиот свет.



Sunday, November 19, 2017

"Повик на дивината" - Џек Лондон


          "Повик на дивината" е авантуристички роман напишан од американскиот автор Џек Лондон. Таа е авантуристички роман бидејќи на главниот лик (во овој случај кучето Бак) му се случуваат секакви неочекувани настани. Темата во делото се страдањата на кучето Бак по неговото крадење и иселување во северните, лоши услови за живеење.



          Во романот се зборува за кучето Бак и неговите авантури откако бил украден од куќата на судијата каде што живеел многу убав живот за разлика на неговиот живот после крадењето. Тој потоа бил продаден на други сопственици за да влече санки низ снег. Бак почнал да се децивилизира и да ги добива инстинктите од неговите предци како борец да преживее во лошите услови. Исто така, имало уште едно куче по име Шпиц кое го мразел Бак бидејќи премногу храбар иако бил од југот. Тоа довело до борба за кој да ги води сите кучиња. Во борбата, Бак го убил Шпиц. Потоа, се повеќе му се менувале сопствениците, се додека Џон Тортон не го убиле. Џон Тортон бил човек кој го спасил Бак од студената смрт. На крај, Бак им се придружил на волците во дивината, односно го повикала дивината.

Monday, November 6, 2017

"Панонски легенди"


          "Панонски легенди" е дело во кое е напишан животот и делата на словенски те браќа Кирил и Методиј. Тоа нема автор бидејќи не се знае кој ги напишал житијата на браќата. Има две мислења околу тоа кој е авторот: а) Методиј го напишал житието на Кирил, а на Методиј го напишал св. Климент Охридски, б) Двете житија ги напишал Климент. Идејата на браќата од Солун била да го прошират христијанската религија на словенски.


          Во житието на св. Кирил се вели дека христијанската религија може да се шир само на грчки и латински, но не на словенски. Кај сите други народи каде што одел Кирил му се молеле на Господ како еден, а тој на св.Тројца, имено: Таткот, Словото и Духот, трите лица во едно суштество. Тој ги научил сите народи како треба да се молат на Бога, иако имале многу тешки  прашања за него, тој можел да ги одговори.
         Во житието на Методиј се споменува дека кралот на Моравија барал Словенци од Римското царство да го научат народот во Моравија за христијанството на словенски јазик. Римското царство ги сугестирал браќата Кирил и Методиј за да ги научат. Тие не отишле поради вољата на Бога.

Wednesday, October 18, 2017

"Сердарот" - Григор Прличев


     "Сердарот" е историско - јуначка поема, историска балада. Темата на ова дело е борбата на Македонците против насилствата на Гегите (борба за слобода). Додека пак, идејата е тешкото минато на својот народ и стремежот за слобода. Мотивот на Прличев е народната песна за Кузман Капидан, а инспирација е тешкиот живот на Македонците во западна Македонија кои се изложени на терор од Гегите, па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи организира заштитни единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на таква единица.
Поемата е составена од 228 строфи со по четири стиха (катрени), при што првиот и третиот стих се петнаесеттерци, а вториот и четвртиот осмерци.




       Гласот за смртта на јунакот брзо се шири. Мајката Неда е осамена и го очекува синот да се врати. Но, има некое претчувство (ја сонува куќата како се руши, а потпорната греда - Кузман не издржува). Таа последна дознава за смртта на син и и сите се во страв како ќе се соопшти таа вест. Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата, корне коси но брзо се соземува. Албанците се непријатели кои крадат и вршат терор над населението, но сепак за да оддадат почит на јунакот ризикувајќи ги своите животи, на раце го носат телото на Кузман до мајката. Најстариот Албанец, смртта на Кузман ја претставува херојски. Тој ветува дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат но храбрата Неда не прифаќа бидејќи сака цело Македонско население да биде заштитено. Се опишува ритуалот на подготовка на мртвото тело, тажачката на Неда како и семејната историја (Кузмановиот татко исто така се борел). На крајот од поемата се спомнува свршеницата на Кузман Марија, таа ја презира својата убавина, се откажува од нормалниот живот и станува калуѓерка.
      Ликот на Неда: Таа е пред се мајка, храбра, справедлива, решена да крене оружје против непријателите. Нејзината решителност, бунтовничка крв ја карактеризира нејзината природа. Неда во себе ја чувствува гордоста и љубовта кон слободата, мајка која неможе да ја задуши својата тага. Во ликот на Неда, Прличев ја претставува ликот на својата мајка кон која има љубов и почит.
      Ликот на Кузман: Загинува уште на почетокот на поемата и за неговот јунаштво се дознава од раскажувањата на другите ликови. Тој е народен борец, херој, доброчинител, заштитник на народот, жртвува се за доброто на народот. Го красат човечки особини - љубов и почит кон својата мајка, но и љубов кон девојката Марија со која планирал семејство. Прекален борец кој уште од детството се подготвувал за одмазда на татко му.




      Ликот на Гегите (Албанците): Тие се негативни ликови, непријатели, крадци, убијци на невини луѓе. Но, сепак имаат почит спрема хероизмот, па затоа својот мртов непријател го враќаат кај мајката за да биде погребан достојно.
      Ликот на Марија: опишана е многу кратко, но впечатливо. Достојна љубовта, тивка, искрена. За неа веќе нема радост, се повлекува од убавините на животот, се закалуѓерува, но во исто време посветена на споменот на љубовта спрема Кузман.
      Поемата открива дел од животот на Македонскиот народ во триесетите години од минатиот век (макотрпен живот, очекувања за подобро утре, живот со страдање и болка).

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" - Хомер


"Илијада" - Хомер


   "Илијада" е епско дело кое е напишано од Хомер. Тематски е поврзана со времето кога започнала колонизацијата на островите во Егејско Море и Мала Азија од страна на Грците.

Содржинската основа ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна (Период од 13 век п.н.е до 12 век п.н.е). Настаните за кои се раскажува во "Илијада" се случиле во десетатта година од војната (се опеваат само 51 ден).Се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувана до денес.

Поводот за војната е грабнувањето на Елена од страна на Тројанците. А причина за војната е големото богатство на градот Троја што било примамливо за Ахајците. Во војната учествувале Агамемнон, Меналај, Ахил. Одисеј и други ахајски водачи за да се одмаздат за грабнувањето на Елена. Исто така, и боговите биле вклучени и поделени меѓу завојуваните страни. Меѓу Ахил и Агамемнон избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел неговата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида. Ахил од гнев се повлекува од бојот и ги остава Ахајците да ја губат битката. Ахил му ја дава својата обружба на неговиот најдобар пријател Патрокло за да се бори против Хектор при што Патрокло е убиен. Но, потоа од лутина и желба за одмазда, Ахил се враќа во битката и во двобој го убива Хектор. На крај, Ахил му го предава телото на Хектор на татко му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја. Тројанците го оплакуваат Хектор во период од дванаесет дена и имало примирје. После дванаесетиот ден, Хектор бил закопан.

Ликовите во “Илијада” можеме да ги поделиме на Ахајци, Тројанци и богови:
- Ахајци: Ахил, Агамемнон, Патрокло, Одисеј, Пелеј, Диомед, Нестор, Менелај.
- Тројанци: Пријам, Парис, Хектор, Хелена, Енеја, Андромаха.
- Богови: Зевс, Хера, Аполон, Атена, Посеидон, Афродита, Арес.

“Илијада” е дело чија вредност е ненадминлива. Хомер јасно се изразува и успева да ги опише јасно карактеристиките на луѓето од тоа време. Хомеровите дела претставуваат пример за епска поезија која ги освојува читателите.




Thursday, March 23, 2017

Правење на биографија за позната личност


Претходната недела, нашата наставничка ни зададе задача да направиме биографија на позната личност. Следниот ден, главните на сите 7 групи излеговме и биравме по едно ливче на кои беа напишани неколку личности. Нас ни се падна Лазо Ангеловски.





Јас бев лидер на мојата група. Бев заедно со Матеј Митов, Никола Павловски и Михаил Митровски. Сите ние се поделивме нешто да работи. Никола ги даде изворите и ми помагаше за одредување на текстот за во презентацијата, Михаил ја правеше естетиката на презентацијата, а Матеј за сликите. На сите ни беше лесно вака, освен на Матеј. Немаше многу слики од Лазо Ангеловски на интернет. Затоа, тој со велосипед отиде до нашето училиштето и го слика споменикот и други работи. Пред 18 часот, го испративме до наставничката преку “Google Drive”.

Кога дојде часот за презентациите да се презентираат, наставничката ни подели листови за да ги оцени другите групи за нивната презентација. Ние се оценувавме меѓу себе, а и наставничката нас. Следната недела, во понеделник ги собиравме сите наши оцени за групите и си ја откривме нашата оценка. Оценките беа во проценти. Групата на Андреј Велјаноски беше прва со 87% проценти, на Теона 84%, а нашата со 83%. 



Sunday, February 26, 2017

Обработка на лектирата "Времеплов" од Х.Џ Велс


 Оваа недела,
 
  Јас и мојата група ја обработувавме лектирата "Времеплов" за осмо одделение. Јас бев во група со Михаил Митровски, Иво Угриновски и Марија Станишевска.Ние требаше да ги запишеме настаните, ликовите, судирите и чувствата во делото. Се поделивме за ликовите, судирите и чувствата, а настаните заедно ги одредивме и запишавме. Михаил и Марија беа задолжени за чувствата, Иво за ликовите, а јас за судирите.
           Откако ни беше дадена задачата, во понеделникот и вторникот ги одредувавме настаните од лектирата и ги запишавме во google doc. Во среда, ги внесов судирите/проблемите од лектирата во документот и го пратив линкот до останатите членови од групата.  Во петокот, три часа пред истекот на рокот ги информирав останатите членови од групата да ја завршиме задачата. Само Марија ми одговори. Задачата беше завршена во предвидениот рок. 

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброт за младите на мојата возраст?


Ако не учиш си глуп/а, ако учиш си бубалица...Ова време е безвредно.Живеме во време со достапност до огромен број на иформаци, брзо и лесно. Јас би се запрашал дали тоа не прави почовечни и похумани или не одвлекува во изолација живеење во виртуелен свет.


Развојот на современата техника и технологија ни овозможува брза достапност на информации и на секое место. Можеме да запознаеме личности на наша возраст и  размена на искуства и идеи од разни области.образованието не било полесно. Денеска има онлајн курсеви кои се валидни.


Но, освен добрите влијанија има и негативни. Долгото седење пред компјутери е една од најчестите причина за болест на видот, грбот, се на малува концентрацијата и изолација. Исто така, има премногу вебсајтови кои даваат информации кои не одгавараат на нашата возраст.


Модерната технологија му штети и на реалниот и социјалниот живот. Децата почнуваат да се осамуваат и да се затвараат во нивните соби седејќи пред компјутер. Така им се намалуваат социјалните односи со околината во која живеат.

Да се користи модерната технологија како "помагало" за брз и лесен пристап до информации и подобрување на квалитетот на животот.