"Илијада" - Хомер
"Илијада"
е епско дело кое е напишано
од Хомер. Тематски е поврзана со времето кога започнала колонизацијата на островите во Егејско Море и Мала Азија
од страна на Грците.
Содржинската основа ја сочинуваат настани
од времето на Тројанската војна (Период од 13 век п.н.е до 12 век п.н.е).
Настаните за кои се раскажува во "Илијада" се случиле во десетатта
година од војната (се опеваат само 51 ден).Се смета за едно од најстарите дела
од западната литература зачувана до денес.
Поводот за војната е грабнувањето на Елена
од страна на Тројанците. А причина за војната е големото богатство на градот Троја што било примамливо за
Ахајците. Во војната учествувале Агамемнон, Меналај, Ахил. Одисеј и други
ахајски водачи за да се одмаздат за грабнувањето на Елена. Исто така, и боговите
биле вклучени и поделени меѓу завојуваните страни. Меѓу Ахил и Агамемнон
избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел неговата робинка Брисеида
во замена на робинката Хрисеида. Ахил од гнев се повлекува од бојот и ги остава
Ахајците да ја губат битката. Ахил му ја дава својата обружба на неговиот
најдобар пријател Патрокло за да се бори против Хектор при што Патрокло е
убиен. Но, потоа од лутина и желба за одмазда, Ахил се враќа во битката и во
двобој го убива Хектор. На крај, Ахил му го предава телото на Хектор на татко
му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја. Тројанците го оплакуваат Хектор
во период од дванаесет дена и имало примирје. После дванаесетиот ден,
Хектор бил закопан.
Ликовите во “Илијада”
можеме да ги поделиме на Ахајци, Тројанци и богови:
- Ахајци: Ахил,
Агамемнон, Патрокло, Одисеј, Пелеј, Диомед, Нестор, Менелај.
- Тројанци: Пријам, Парис, Хектор, Хелена,
Енеја, Андромаха.
- Богови: Зевс, Хера, Аполон, Атена,
Посеидон, Афродита, Арес.
“Илијада” е дело чија вредност е ненадминлива. Хомер јасно се изразува и успева
да ги опише јасно карактеристиките на луѓето од тоа време. Хомеровите дела
претставуваат пример за епска
поезија која ги освојува читателите.
No comments:
Post a Comment