Wednesday, October 18, 2017

"Сердарот" - Григор Прличев


     "Сердарот" е историско - јуначка поема, историска балада. Темата на ова дело е борбата на Македонците против насилствата на Гегите (борба за слобода). Додека пак, идејата е тешкото минато на својот народ и стремежот за слобода. Мотивот на Прличев е народната песна за Кузман Капидан, а инспирација е тешкиот живот на Македонците во западна Македонија кои се изложени на терор од Гегите, па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи организира заштитни единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на таква единица.
Поемата е составена од 228 строфи со по четири стиха (катрени), при што првиот и третиот стих се петнаесеттерци, а вториот и четвртиот осмерци.




       Гласот за смртта на јунакот брзо се шири. Мајката Неда е осамена и го очекува синот да се врати. Но, има некое претчувство (ја сонува куќата како се руши, а потпорната греда - Кузман не издржува). Таа последна дознава за смртта на син и и сите се во страв како ќе се соопшти таа вест. Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата, корне коси но брзо се соземува. Албанците се непријатели кои крадат и вршат терор над населението, но сепак за да оддадат почит на јунакот ризикувајќи ги своите животи, на раце го носат телото на Кузман до мајката. Најстариот Албанец, смртта на Кузман ја претставува херојски. Тој ветува дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат но храбрата Неда не прифаќа бидејќи сака цело Македонско население да биде заштитено. Се опишува ритуалот на подготовка на мртвото тело, тажачката на Неда како и семејната историја (Кузмановиот татко исто така се борел). На крајот од поемата се спомнува свршеницата на Кузман Марија, таа ја презира својата убавина, се откажува од нормалниот живот и станува калуѓерка.
      Ликот на Неда: Таа е пред се мајка, храбра, справедлива, решена да крене оружје против непријателите. Нејзината решителност, бунтовничка крв ја карактеризира нејзината природа. Неда во себе ја чувствува гордоста и љубовта кон слободата, мајка која неможе да ја задуши својата тага. Во ликот на Неда, Прличев ја претставува ликот на својата мајка кон која има љубов и почит.
      Ликот на Кузман: Загинува уште на почетокот на поемата и за неговот јунаштво се дознава од раскажувањата на другите ликови. Тој е народен борец, херој, доброчинител, заштитник на народот, жртвува се за доброто на народот. Го красат човечки особини - љубов и почит кон својата мајка, но и љубов кон девојката Марија со која планирал семејство. Прекален борец кој уште од детството се подготвувал за одмазда на татко му.




      Ликот на Гегите (Албанците): Тие се негативни ликови, непријатели, крадци, убијци на невини луѓе. Но, сепак имаат почит спрема хероизмот, па затоа својот мртов непријател го враќаат кај мајката за да биде погребан достојно.
      Ликот на Марија: опишана е многу кратко, но впечатливо. Достојна љубовта, тивка, искрена. За неа веќе нема радост, се повлекува од убавините на животот, се закалуѓерува, но во исто време посветена на споменот на љубовта спрема Кузман.
      Поемата открива дел од животот на Македонскиот народ во триесетите години од минатиот век (макотрпен живот, очекувања за подобро утре, живот со страдање и болка).

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" - Хомер


"Илијада" - Хомер


   "Илијада" е епско дело кое е напишано од Хомер. Тематски е поврзана со времето кога започнала колонизацијата на островите во Егејско Море и Мала Азија од страна на Грците.

Содржинската основа ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна (Период од 13 век п.н.е до 12 век п.н.е). Настаните за кои се раскажува во "Илијада" се случиле во десетатта година од војната (се опеваат само 51 ден).Се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувана до денес.

Поводот за војната е грабнувањето на Елена од страна на Тројанците. А причина за војната е големото богатство на градот Троја што било примамливо за Ахајците. Во војната учествувале Агамемнон, Меналај, Ахил. Одисеј и други ахајски водачи за да се одмаздат за грабнувањето на Елена. Исто така, и боговите биле вклучени и поделени меѓу завојуваните страни. Меѓу Ахил и Агамемнон избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел неговата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида. Ахил од гнев се повлекува од бојот и ги остава Ахајците да ја губат битката. Ахил му ја дава својата обружба на неговиот најдобар пријател Патрокло за да се бори против Хектор при што Патрокло е убиен. Но, потоа од лутина и желба за одмазда, Ахил се враќа во битката и во двобој го убива Хектор. На крај, Ахил му го предава телото на Хектор на татко му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја. Тројанците го оплакуваат Хектор во период од дванаесет дена и имало примирје. После дванаесетиот ден, Хектор бил закопан.

Ликовите во “Илијада” можеме да ги поделиме на Ахајци, Тројанци и богови:
- Ахајци: Ахил, Агамемнон, Патрокло, Одисеј, Пелеј, Диомед, Нестор, Менелај.
- Тројанци: Пријам, Парис, Хектор, Хелена, Енеја, Андромаха.
- Богови: Зевс, Хера, Аполон, Атена, Посеидон, Афродита, Арес.

“Илијада” е дело чија вредност е ненадминлива. Хомер јасно се изразува и успева да ги опише јасно карактеристиките на луѓето од тоа време. Хомеровите дела претставуваат пример за епска поезија која ги освојува читателите.