Friday, June 1, 2018

"За буквите" - Црноризец Храбар


           За буквите или “О писменех” е дело напишано од страна на средновековниот монах Црноризец Храбар. За него се верува дека бил еден од учениците на Свети Кирил и Методиј.
            Во делото се зборува за тоа дека Словените немале свое писмо и се служеле со рески и цртички. Но, откако се покрстиле почнале да пишуваат на грчки и римски букви. Тогаш авторот вика дека Бог го создал Свети Константин Филозоф (Св.Кирил) кој заедно со брат му Методиј ја создале словенската азбука.
            Потоа, се зборува дека словенската азбука за разлика од грчката има 38 букви, а грчката 24. И дека започнуваат со различни букви, “аз” во словенската и “алфа” во грчката. Авторот вика дека словенската азбука е посвета бидејќи била создадена од свет човек, а не како грчката пак од обични луѓе.
            Исто така се спомнува дека словенската азбука не е од Бога и не смее да пишуваат книги. Само со римска, грчка и еврејска азбука.


"Островот со скриеното богатство" - Р. Л. Стивенсон


Во овој авантуристички роман се зборува за четиринаесет годишно момче кое живеело во крчма со неговата мајка и татко. Неговиот татко бил болем, па затоа тој и мајка му работела за да го хранат семејството.
Еден ден, во нивната крчма дошол чуден човек за кој дознаваме дека е пират. Живеел во нивната крчма се додека не дошле други пирати кои сакале да го убијат и да му го украдат неговото помагало за откривање на скриеното богатство. Момчето и мајката го земаат и бегаат за да се спасат. Тоа помагало било карта до островот со скриеното богатство.
После неколку дена, момчето Џим заедно со капетанот Смолет, докторот Лејсви заедно и со други помошници тргнале кон островот. Таму се случуваат сите драми. Започнува војна меѓи Џим, капетанот и доктор против останатите за богатството. Но, дознаваат дека богатството е веќе откриено од друг човек.

"Вујко Вања" - Антон Панович Чехов


            Во ова драмско дело се зборува за руско семејство кое живеело во вила. Се било добро, се додека не се вселил новиот пар: стариот професор Серебрјаков и неговата млада жена Елена Андреевна.
            Сите дејства се одвиваат во четири чина. Семејството во вилата го сочинуваат: професорот, неговата жена, нивната ќерка Софија , докторот Астров, Војницки (вујко Вања), неговата мајка Војницка, Телегин и старата дадилка. Професорот секогаш нешто не му било во ред и секад бил болен. Неговата жена, Елена Андреевна не сакала да биде омажени повеќе за професорот, но неможела да се откаже од него или да биде со друг поради традицијата во тоа време. Докторот цело време идел во вилата за да го проверува професорот.
Целата драма во вилата започнува кога сите се заљубени во Елена и кога професорот сака да ја продаде вилата. Вујко Вања не сака да ја продаде бидејќи тој заедно со мајка му работела премногу за да живеат убав живот. Тоа премногу се увеличува што Војницки зима пиштол и го нишани професорот, но го промашува два пати.
Професорот се исплашил. Затоа тој и неговата жена од страв си отишле од вилата и се вратило како порано.




"Силјан Штркот" - Марко Цепенков


Кратка содржина
Приказната започнува во селото Мало Коњари, во македонско семејство. Него го сочинуваат таткото Божин, мајката Стојна, синот Силјан и ќерката Босилка. Синот, единствено машко чедо во фамилијата, го оженуваат уште на 16 години со Неда, а на 17 му се раѓа синот Велко. Родителите го разгалуваат Силјана толку многу, што му дозволуваат да не работи ништо и постојано да оди во Прилеп божем на пазар, а всушност во меана. Таткото не е среќен што неговиот син недомаќински се однесува, па често, со убаво, се обидува да му укаже на грешките.
Но, Силјан, воопшто не слушал и едвај чекал да отиде што подалеку од дома. Затоа, повторно си отишол во Прилеп, каде што му се придружува на духовник по сите околни села. Така, Силјан, цела година ја поминал шетајќи и не помислувајќи на дома и на своето семејство, а кога духовникот се упатил кон Божјиот гроб и Силјан се уште не сакајќи да се врати дома, го замолил да оди со него. Тогаш, го снаоѓа несреќата, односно се исполнува родителската клетва. Гемијата со која патувале ја зафаќа бура и за среќа, само Силјан останува жив. Но, среќата не е целосна, бидејќи тој се нашол во некоја чудна земја, со чудни луѓе со долги носови и нозе, земја од која освен со летање не можело да се замине. Луѓето што живееле таму, го дочекале Силјана како драг гостин, го познавале убаво и него и целото негово семејство и му ја раскажале нивната судбина да бидат проколнати.
Hемајќи друг избор, Силјан цела година ја поминува во чудната земја, работејќи на нива, помагајќи им на домаќините и чекајќи да дојде времето за летање. Таму, тој станува сосема друг човек, работлив, совесен, што им било чудно дури и на луѓето-штркови. Поминала годината, луѓето со штрковата вода се направиле штркови, заедно со нив и Силјан, но тој на вратот си врзал едно шишенце со човечка вода, за да може да стане човек кога ќе дојдат во Прилепско Поле. Кај Плетвар, Силјан премногу се израдувал што ги здогледал Марковите Кули и манастирот Трескавец, па од невнимание и брзање што поскоро да стане човек, лошо слетал на камењата и го искршил шишенцето.
Тој морал сега уште цела година да чека, а што е уште пострашно и да ги гледа блиските и да не може да им се јави, ниту да им се приближи. Си направил гнездо на својата куќа и секојдневно ги гледал родителите, сопругата, синот, сестра си. Го болело што не може да ги допре и да си поразговара со нив, па неколкупати опасно им се приближувал.
И следната година во земјата на штрковите Силјан постојано работел, сосема се изменил, станал сериозен и вреден и едвај чекал да дојде времето за одење дома. Овојпат човечката вода ја ставил во црепче и одлучил многу да внимава и да не брза. Пред пристигнување, настанува голема борба на штрковите со орлите, но за среќа Силјан добро поминува и конечно се посипува со водичката и станува повторно човек.
Дома го пречекуваат со радост, но и недоверба. Познавајќи го стариот Силјан сите мислат дека ја измислува приказната за штрковите, но тој им ги раскажал сите работи како доказ. Дури тогаш му поверувале.

Thursday, May 31, 2018

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах

          Во ова литературно дело се зборува за галеб со име Џонатан кој бил поразличен од другите галеби во јатото. Уште од кога бил помал, забележал дека е поразличен од другите.
         Сфатил дека е поразличен бидејќи другите галеби само се грижеле за тоа да имаат доволно храна и само да ловат. Но тој мислел дека галебите биле створени за повеќе, не само за ловење риби. Тој сакал да открие која е најголемата брзина галеб може да лета од највисокото се додека не падне на земја или во вода. Поради тоа што не бил толку заинтересиран да лови, го исфрлиле од неговото јато.Тој нашол јато кое го има истото мислење како него со кој учеле и други галеби за нивните работи.

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде


          Во ова литературно дело се зборува за мало дете по име Бастијан Балтазар Бак, кој не бил многу успешен во училиште и во спортот. Додека го бркале негови соученици, тој се сокрил во една антикварница на стар дедо. Бак многу сакал да чита книга и му се допаднала книгата на стариот дедо која се викала "Бескрајна приказна". Тој ја украл и избегал од антикварницата.
          Заплетот започнува кога почнува да ја чита книгата и влегува во неа. Се збори за свет кој се вика Фантазија и го води детска царица која била болна. Многу лекари од светот Фантазија неможеле да ја излечат. Тогаш се среќаваме со Атреј јунакот, кој ќе го бара лекот против Ништото. После многу пат, дознал што е лекот. Лекот е да се смени името на царицата, но името треба да и го даде некој од реалниот свет.
           Така Бака го спасува светот на Фантазијата од Ништото. Тогаш Бак се враќа во реалниот свет.

Sunday, May 20, 2018

"Антигона" - Софокле



Опис на ликот Антигона
од делот "Антиогона"


          Антигона е ќерка родена во неконвекционално семејство. Ќерка на родители - мајка и син. Иако тоа е голема трагедија, таа не и е најголема. Таа е многу чесна, горда и посветена што не може да дозволи едниот од нејзините браќа да биде погребан, а другиот не. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен за птиците да го јадат. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон (синот на кралот) – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит. 
          Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа. А, Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина – ја осудува на смрт.
          Антигона цврста и пожртвувана според карактер. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

"Чорбаџи Теодос" - Васил Иљоски



Опис на ликот Стојанка од
делото "Чорбаџи Теодос"


          Стојанка е девојката која се заљубува во синот на чорбаџи Теодос - Томче. Таа е млада, убава и вредна, но е сиромашна па затоа нивната љубов е на некој начин забранета од страна на чорбаџијата. Чорбаџи Теодос не ја прифаќа за негова снаа. Со ова се гледа неговиот став кон сиромашните луѓе и може да се заклучи дека за него е неприфатливо да се жени неговиот син за сиромашна девојка.
          Иако љубовта на Стојанка кон Томче е чиста и силна, таа се слизи со итрина и му прави притисок, односно го условува дека ако нема потврден одговор до вечерта, таа ќе замине со друг. Томче, после овој услов, се обидува да го убеди татко му да му даде него благослов за да се ожени со својата љубов. Но, поради карактерот на чорбаџи Теодос, Томче никако не успева да го убеди да се солгаси за нивната љубов додека Арсо не им помогне на Томче и Стојанка со надмудрување на чорбаџијата.


         
 Со ликот на Стојанка се опишува млада жена која со итрина и храброст се бори за својат љубов. Таа ја објаснува сегашната жена која секогаш треба да го каже своето мислење и да биде почитувана. Тоа значи да ги има истите права како и мажот.


Tuesday, February 13, 2018

"Прва љубов" - Иван Тургенев


За оваа лектира ни беа зададени две задачи:
 - Да се напише фабула за лектирата до 100 збора
 - Според фабулата да се напише кратко сценарио

1.       Владимир и неговите пријатели зборуваат за нивната прва љубов. Неговите пријатели ги раскажаа своите, но Владимир ќе ја запише бидејќи е комплицирана.
          Откако е запишана, тој ја чита. Во нејзе запишал дека неговата прва љубов била во Москва кога се населиле кнезови до нив. Била тешка љубов бидејќи имал конкуренција и бил помал од неа. Имале интересни моменти заедно се додека Владимир не се иселил. Откако го започнува неговиот нов живот, сака да ја види Зинаида пак, но дознава дека умрела.