Опис на ликот Антигона
од делот "Антиогона"
Антигона е ќерка родена во неконвекционално семејство. Ќерка на родители - мајка и син. Иако тоа е голема трагедија, таа не и е најголема. Таа е многу чесна, горда и посветена што не може да дозволи едниот од нејзините браќа да биде погребан, а другиот не. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен за птиците да го јадат. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон (синот на кралот) – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит.
Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа. А, Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина – ја осудува на смрт.
Антигона цврста и пожртвувана според карактер. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.
No comments:
Post a Comment